top of page

Годишен извештај за 2021

​

Untitled

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2021

     Здружение за едукација, еманципација и естварување на еравата на жените БИДИ ХРАБРА-Скопје од Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското опшество и локалните заедници, преку активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и подобрување на општото здравје на граѓаните а посебно на ранливите категории на граѓани, без оглед на нивната национална, расна, верска и полова разноликост, нивната здравствена едукација и превентива, со цел развој на здрава и витална популација. Активностите на Здружнието се во согласност на Уставот на Република Македонија.     Визијата на Здружение за Едукација, Еманципација и Остварување на Правата на Жените БИДИ ХРАБРА-Скопје е: градење на опшество со еднакви, задоволни, здрави и социјално згрижени граѓани кои ги остваруваат своите загарантирани човекови права, а со посебен акцент на социјално ранливите и маргинализираните групи на граѓани, како и создавање на општество во кое сите луѓе се еднакви без разлика на верска,социјална,етничка или полова припадност.   Мисијата на Здружение за Едукација, Еманципација и Остварување на Правата на Жените БИДИ ХРАБРА-Скопје е да се едуцираат жените за остварување на нивните основни човекови права, како и унапредување на средината на живеење на младите и подобрување на условите за живот на секој граѓанин на Република Македонија.Стратешки цели на Здружението се: сите граѓани на РМ без разлика на нивна национална,верска, расна или полова припадност да ги остварат основните загарантирани човекови права.    Во текот на2021година реализиравме три проекти во кои беа вклучени жени и деца од различни етнички и верски заедници. Во текот на2021година реализиравме три проекти“БОГАТСВОТО Е ВО РАЗЛИЧНОСТИТЕ”   Преку овој проект инициравме активности за зајакнување и вклучување на жени од разлчични етнички и верски заедници.    Активностите беа насочени кон организирање на работни групи од страна на жените со кои постигнавме подигање на свест за еднаквост меѓу половите и обновување на доверба во меѓучовечките и меѓуетничките односи и толеранција, пред се приоритетно место имаа активностите од областа на заштитата, презентацијата и популаризацијата на традицијата и културното наследство и на разновидноста на културните изразувања, која сама по себе претставува богатство.   Преку нашиот проект ние покажавме различни искуства како и позитивни практики за односот на жените со децата, односот кон семејството. Семејството е најважна алка во општеството од каде што всушност се започнува. Тоа е местото каде што се гради личноста, се воспитува и се насочува.    Жената денес може мудро сите да ги научи, да им подари совети на оние кои сакаат да направат промена, за на светот да има помалку тажни и депримирани, а повеќе среќни, весели, успешни и пред се здрави лица. Главна цел на проектот беше едукација на младите во областа на културното наследство, особено традицијата, од страна на жени, децата да научат повеќе за културните и за природните локалитети од исклучителна универзална вредност, да изградат нови ставови и трајна посветеност кон зачувувањето на нашето локално и национално наследство за сегашните и идните поколенија со цел во иднина да одиграат клучна улога во чувањето на исклучителната културна и природна разновидност.Овој проект е реализиран под покровителство на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

​

“ПРЕКУ ПЕСНА ДО МЕЃУКУЛТУРНО РАЗБИРАЊЕ” Овој проект придонесе децата од основните училишта да имаат достапност до едукација и развивање на нивната креативност и музичка уметност. Воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби претставува интегрален дел на едиствениот образовен систем и се планира врз идентични или многу слични определби и генерални принципи - поддржано од Министерство за Култура - проекти од областа на музиката за 2021 година.

“КАРАВАН НА ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ”

Караванот се реализираше во партнерство со Општина Бутел на 07.03.2021, на следните локации: СКОПЈЕ СЕВЕР пред КАМ маркет, населба Радишани пред трговскиот центар и пред зградата на Општина Бутел, каде беа опфатени сите присутни жени .

Годишни извештаи: Projects
  • Facebook
bottom of page